Малеска: Пред историски избор сме – ако не ги ставиме Бугарите во Уставот сега, не се знае кога ќе можеме да го сториме тоа после!

 “Изборот е ваш’. – ни порача претседателката на Европската Комисија Урсула Лаен при посетата на Скопје на крајот на минатиот месец. Избор дали ќе одиме напред, или ќе останеме да се бориме со нашите демони.“ – вели универзитетската професорка по политички науки Мирјана Малеска во својата колумна со наслов „Изборот е ваш”!, која ја објави порталот „СМК“.



Покрај другото, натаму Малеска пишува: Ако е наш, да видиме кој ќе го прави изборот. Во демократските системи, тоа го прави владата, како нејзино право и обврска. Претставничкото тело го прифаќа или отфрла изборот, како, на пример, отворање постапка за уставни измени.

Избор прават и граѓаните. Всушност, тие се најважни. Суверенитетот на државата произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните. Тие на избори одлучуваат кому ќе ја доделат власта. Потоа, можеби ќе се чукаат по глава, кога ќе сфатат дека власта може да се злоупотреби, во нивно име, но тоа не е ништо ново.

Се наоѓаме пред историски избор сега и не се знае кога потоа. Изборот навистина е наш, ако сме чесни кон себе и другите.