Островската држава Малдиви повторно стана членка на британската заедница, Комонвелтот на народите, на 1 февруари, јавуваат новинските агенции.
Комовелтот го поздрави враќањето на островската држава како своја 54-та членка, откако го потврди своето барање за повторно прием.
Малдиви го напуштија Комонвелтот во октомври 2016 година по 34-годишно членство. Тогаш поранешниот претседател Јамин Абдула беше обвинет за злоупотреба на човековите права и недостаток на напредок на патот кон демократијата.
Комонвелтот е заедница на независни држави кои беа дел од Британската империја, на чие чело е британската кралица Елизабета Втора а членки се Канада, Австралија, Индија и други.





