Професорот Самоил Малчевски реагира на изјавата на вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров кој на на меѓународниот Сими симпозиум во Грција изјавил: „Не може условите за влез во ЕУ да не бидат европски”.
“Сигурно Ники знае дека ЕУ е основана врз основа на шест основни европски вредности и тоа Човеково достоинство (Human dignity), Слобода (Freedom), Демократија (Democracy), Еднаквост (Equality), Владеење на правото (Rule of law) и Човекови права (Human rights)!
Е сега:
– Ники Доматов потпиша договор за кој немаше Уставни надлежности, тоа е спротивно на ЕУ вредноста Владеење на правото (Rule of law)!
– Во Собрание после неуспешен референдум сменија Устав, што во суштина е спротивно на ЕУ вредноста Демократија (Democracy)! Референдум е врвен чин во една демократија!
– Со договорот од Преспа, Република Македонија и македонскиот народ се ставени во подредна положба, тоа е спротивно на ЕУ вредноста Човеково достоинство (Human dignity)!
– Ники Доматов е министер во #ХибриденРежим, тоа е спротивно на ЕУ вредностите Владеење на правото (Rule of law), Човекови права (Human rights), Слобода (Freedom) и Демократија (Democracy)!”, пишува Малчевски за принципите на Никола Димитров кој според професорот со обезбедување на „стипендија“ за ќерката преку ноќ директно постапил спротивно на ЕУ вредноста Еднаквост (Equality), зошто неговата ќерка е малку поеднаква од другите надарени и талентирани деца кои со години чекаат или се одбивани за стипендии!

“Да заклучиме, кога Ники Доматов зборува за ЕУ и ЕУ вредности, тоа е исто како педофил да зборува за права на децата!”, заклучува Малчевски кој за реакцијата на Димитров го користи хаштагот:
#ОбразЃОН





