„Деновиве, како гром од ведро небо, провладините мегафони во Република Македонија ја отворија темата за промена на изборниот модел. Затечен од новонастанатата ситуација, се запрашав што е причината, кога според власта по втор пат треба да славиме датум за преговори со ЕУ, нивните послушници во медиумите да ја отвараат оваа тема.
Според мене има две причини за овој потег на власта“, пишува доцент. д-р Самоил Малчески.
„Заради немањето на реформи и продолжувањето на корупцијата, криминалот, непотизмот и сите девијантни појави кои го тиштат македонското општество, датум нема да имаме, нема да има ни во јули, а за скоро ќе видиме какви се услови ќе добиеме за во октомври. Оттука, „прослави“ и спинови како минатогодишните нема да го покријат неуспехот на Заев и неговата „реформска“ Влада“.
Втората причина, пишува Малчески е уште поболна за Република Македонија.
„По неуспехот на претседателските избори и очајниот број на гласови кои ги добија, на Заев му е јасно дека ги губи следните парламентарни избори и тоа ги губи катастрофално. На сите ни е веќе јасно дека ни со изборен инжињеринг не може да оди против граѓаните, демаскиран е!
Извор: Лидер





