Малата Ангелина заѕвони на ѕвончето по успешната хемотерапија – Ново Лисиче и приреди спектакуларен поздрав при враќањето дома!

Вербата во човечноста не е се уште изгубена во Македонија. Малечката Ангелина од скопската населба Ново Лисиче која подолго време се лекуваше од Леукемија, пред неколку дена заврши со хемотерапијата и победоносно заѕвони на ѕвончето со што го означи успешниот крај на лекувањето.



А вечерва нејзините соседи од булевар АСНОМ и приредија спектакуларна прослава за големата победа над подмолната болест. На едно од игралиштата во населбата беа запалени факели, имаше голем огномет, а децата од соседството и соучениците на Ангелина ја пречекаа со песни и со скандирање на нејзиното име.

Родителите со солзи во очите ги поздравија сите присутни, а Ангелина им ги стопли срцата на сите со својата позитивна енергија. Да биде жива и здрава уште многу многу години!