„Мала пажња“ од СДСМ како одговор на Зекири за измените на Законот за АРМ

Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири, на свој статус на Фејсбук доби коментар од Албанец во стилот на скечот на К-15 за „мала пажња“ при добивање услуга од администрацијата во Македонија.



Фотографија со кафе, локум и друг продукт во амбалажа со знакот на СДСМ и со слоганот „За твојата иднина“ е реакцијата под објавата на Зекири, во која тој на сите припадници на „Армијата на Република Северна Македонија“ им ги честита измените на Законот за служба во Армијата“.