Третиот состанок за унапредување на соработката меѓу земјите од Западен Балкан, таканаречениот „Мал Шенген“, се доржува денеска во Тирана.



Средбата започна со работниот дел на кој премиерот Зоран Заев, премиерот на Албанија, Еди Рама, и претседателите на Црна Гора и Србија, Мило Ѓукановиќ и Александар Вучиќ, го разгледаа напредокот на спроведување на четирите слободи во регионот, утврдени на претходните два состанока во Охрид и Нови Сад.

На Иницијативата за која албански медиуми тврдат дека е под мониторинг на САД се приклучи и Црна Гора, а тоа се потврди со учеството на црногорскиот премиер.

Лидерите заклучија дека духот на инклузивност и на добрососедските односи што го поттикнаа овој процес донесе повеќе придобивки од непосреден интерес на граѓаните во регионот.