Неколку лица загинаа откако мал авион се урна во парк за мобилни домови во Клирвотер, Флорида, во четвртокот вечерта соопштија официјални лица.



Несреќата се случила синоќа, а се претпоставува дека загинале патниците од авионот, како и жителите во камп приколките и мобилните куќи кои биле уништени од пожарот.

Пилотот на авионот непосредно пред падот испратил повик за помош до контролата на летање. Се претпоставува дека дошло до дефект на моторот.

Според медиумите, станува збор за помал авион, но во моментов не се знае колку патници имало во авионот, ниту од каде полетал или до која дестинација.