„Отворањето на Уставот заради вклучување на бугарскиот етникум во него треба да биде искористено од страна на албанскиот политички фактор како шанса Албанците конечно да бидат дефинирани во Уставот како државотворен народ, а не како процентуален народ и така да го запечатат својот уставен и правно политички статус.“ – вели д-р Мерсим Максути, професор по уставно право од државниот Универзитет во Тетово, во својата изјава за Втората програма на албански јазик на државната Македонска телевизија.’ – објави информативната агенција на албански јазик „Журнал“.
„Журнал“ пренесува: „Барањето на официјална Софија за внесување на бугарскиот етникум во Уставот на државата треба да се искористи како можност од албанскиот политички фактор, за конечно да се реши правно-уставниот и политичкиот статус на Албанците.’ – вели Максути. Зборувајќи за потребата од интервенирање во Уставот, тој истакнува дека македонската страна мора да сфати оти Албанците не се бројки, туку државотворен народ и дека тоа мора да биде запечатено со Уставот.“
„Ние, Албанците мораме секогаш да чекаме некоја друга можност, некој друг посилен притисок, за да биде државата принудена да интервенира во Уставот. Ова им дава на Албанците можност да продолжат со регулирањето на нивниот статус од правно – политички аспект. Треба да се отстранат процентите и да се идентификуваме како албански народ, а никако како народ на проценти.’ – кажа Мерсим Максути.“
„Албанците и нивниот правен статус – Максути: ‘Ние сме народ, а не процент“
„Максути вели дека во нашата земја не е проблем само ограничувањето на албанскиот народ како процентуален народ, туку и правниот статус на Албанците во смисла на инивното интегрирање во институциите на рамноправен начин. ‘Шансите за интервенирањето во Уставот треба да бидат искористени од албанската страна.’ – нагласува тој.“
„Според него, ако Албанците сакаат да постигнат унапредување на своите права, треба да му придадат важност и на одлучувањето во Уставниот суд. ‘За оние закони, што биле донесени со ‘бадинтеровото мнозинство, треба да се применува ‘бадинтеровиот механизам’ и во Уставниот суд кога ќе бидат оценувани дали се во согласност со Уставот. За сите закони, регулирани со Рамковниот договор, кои минале со ‘бадинтерово мнозинство’ во Собранието, мора да се обезбеди еден механизам, кој ќе гарантира дека тие права, кои сме ги добиле досега, нема да може да бидат деградирани утре.’ – рече Мерсим Максути.“
„Правниот статус на Албанците е во ваква состојба како последица на менталитетот на македонската страна, наследен со децении, дека злото на оваа држава се Албанците, што воопшто не е точно. Сите овие пречки може да се надминат само ако има политичка волја.’ – изнесува во својата изјава професорот Максути.“
Home Македонија Максути: “Албанците да се дефинираат како државотворен народ во Уставот по отворањето...





