Долгогодишниот новинар Илија Максимовски во текст со наслов “БАНДАТА НА КАТИЦА ЈАНЕВА „ЛЕПЕЛА„ И ОД ЕУ ФОНДОВИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА !?”, тврди дека голем број личности, меѓу кои и дипломати, политичари, функционери од државниот врв се инволвирани во аферата „Рекет” а добивале пари кои доаѓале од ЕУ фондовите за Македонија.
Тоа според Максимовски директно ја дискредитира и амбасадата на САД во Македонија која индиректно и неслужбено ја „ донесе „ Катица Јанева за шефица на СЈО !
“Во аферата „Рекет „ во комбинација се многу повеќе пари отколку фатените над еден и пол милион евра во торбата на „ Боки 13„ и „Кичеец„ и побараните и договорени 8 милиони евра рекет, за Орце Камчев да биде ослободен од притвор а потоа и од обвинение на СЈО?
Информациите и документите кои циркулираат во строго контролирани кругови, не така далеку, но, длабоко во македонската јавност, потврдуваат дека се работи за многу поголема афера во која не била вклучена само дел од македонската власт и Влада, поради што врвот на Обвинителството е под огромен притисок во која насока да ја однесе истрагата.
Токму тие контролирани факти за криминал со ЕУ фондовите во Македонија, се вистинската причина и обвинителката Вилма Рускоска да биде подзапрена во спроведувањето на истрагата во истражниот затвор „Шутка „ кон „Боки 13„, „Кичеец„ и Катица Јанева , кои се во притвор а во јавноста шарлатански, но, со намера се манипулира со информации дали „писмото на Катица Јанева имало печат или не „ и „ дали било напишано на компјутерска хартија или на мрсна хартија за виткање бурек „ !
Токму со овие информации и документи за тоа дека „Рекет „ тежи стотици милиони евра па и повеќе, аферата се протега пошироко отколку што јавно се пишува а што е сосема можно засега да ги нема ниту Русковска ниту ОЈО за организиран криминал, докажуваат дека подолг период на релацијата МВР – ЈО – Кривичен суд функционира бандитско – криминална структура која има силен јатак во Владата и Собранието а кои во најголема мера за мета ја имаат државната каса и особено проектите кои се финансирани од фондовите на ЕУ за што земјите членки немаат милост, иако на крајот долгот ќе го враќаат граѓаните на оваа држава.
Овде се поставува и скандалозното прашање како американската дипломатија која преку амбасадата во Скопје и поранешниот амбасадор, Џес Бејли, направила лоша проценка дека Катица Јанева како провинциска обвинителка, иако била на извесно усовршување во САД, ќе „падне „ на методите на Боки 13 и привлечноста на убав, но, ефтин намештај, но и евентуално торба „ Луис Витон „ наполнета со неколку милиони евра ?
Секако, не е тешко да се утврдат „соработниците „ во кражбата бидејќи милиони евра, сепак се многу за еден човек сам, дури и да ги премести од една локација на друга во обична торба, што впрочем и се виде како точно!
Уште полошо од американската дипломатска лоша проценка за „карактерот „ на Катица Јанева е што аферата „Рекет „ им избегала од контрола и на македонските државни служби, бидејќи и ако, еве. . . во скопската Стара Чаршија замените 5 илјади евра во една менувачница, за 1 час за тоа ќе знаат сите што „ работат „ со девизи а камоли да соберете една торба со неколку милиони евра со банкноти од 10 и 50 евра !? Затоа, смешни, но, сериозно загрижувачки се обидите со дезинформации или изјави кои доаѓаат од политичари, пратеници,. . . се до премиерскиот круг на Зоран Заев да се заметне трагата на аферата „ Рекет„ без разлика дали сериозна и целосна истрага би дотерала до нови притвори на наводно сериозни личности и бизнисмени а всушност најобични криминалци или дури и паѓање на Владата на Заев, па нека е и од морални причини!?
Најсилна основа за ова е фактот дека Катица Јанева од личност и носител на државна функција со најголема јавна и доверба на истата Влада, заради лични особини, слабост и алчност кон пари го уништи СЈО и сега седи во ќелија во истражниот затвор „Шутка”, пишува Максимовски.





