Максимовски: Рекет од стотици илјади имало и во случајот “Монструм” во кој беа убиени децата на Смилковското езеро

Новинарот Илија Максимовски во напис со наслов “И ВО „МОНСТРУМ„ ФУНКЦИОНИРА(Л) РЕКЕТ” тврди дека шемата на Боки 13 функционирала и во случајот Монструм во кој беа убиени децата кај Смилковското езеро а осудените убијци сега се бранат од слобода.



Максимовски во својот текст открива многу информации за предметот и поставува низа прашања, меѓу кои и дали е премиерот Заев директно поврзан со Минструм.

“Сигурни извори потврдуваат дека и во случајот на СЈО „Монструм„ досега е исплатен рекет од стотици илјади евра а вредностите кои се преплетуваат во предметот сеуште се „ државна тајна „ за која ќе треба да проговори Зоран Заев со кого комуницирале поголемиот број од инволвираните во злосторството и судењето!?

Неколку стотици илјади евра се исплатени и циркулираат меѓу сите лица, адвокати, сведоци,вештаци, државни институции и воопшто инволвирани во случувањето, истрагата и судењето на монструозното убиство .

Иако највисоко ниво во случајот беше кампањата на СДСМ и Зоран Заев и по неговата „победа„ и формирање влада , од него ниту јавноста ниту судските органи не добија никаков конкретен доказ или материјал кој ќе го приближи Судот до вистината кој го извршил убиството и за што се работи, или поточно , дали обвинетите се виновни или не ?!

Во масовните демонстрации по повод „Монструм „ и пресудата за доживотен затвор на сите обвинети, која Врховниот суд ја поништи поради што осудените беа ослободени а сега судската постапка се повторува, еден од родителите на осудените јавно изјави дека доколку неговиот син е убиец тој „ целото негово семејство кое брои над десетина членови ќе го предаде на доживотна казна „!

Во деновите на организираните протести и на семејството Азири од кое се најголемиот број обвинети и беа осудени казна доживотен затвор им било „предложено и биле информирани дека „ може да се случи неколку глави да паднат „ , се претпоставува во евентуално политичко сценарио за поголем притисок врз државните и судски органи!

Преставници на семејството Азири кои беа и организатори на протестот таквиот предлог веднаш и јасно го одбиле со објаснување дека тие „бараат правда и дека не им треба слобода на затворените членови од нивното семејство по цена на уште загинати луѓе и пролеана крв „ а ако се докаже дека се виновни казната ќе ја прифатат во целост.

Случајно или не меѓу учесниците на протестите се појавија и лица кои никој не ги познавал а не зборувале албански? Овде се отвора и прашањето за исплатата на парите во „Монструм„ во кој еден од обвинетите нема пари да си го плати бранителот па Судот му определи службен бранител !

Притворената шефица на СЈО, Катица Јанева покрај за другите предмети, според неофицијални информации од извори блиски на СЈО, била целосно надлежна и за „ Монструм „ иако предметот го води Фатиме Фетаи ! ?

Дали досега исплатените и предадени неколку стотина илјади евра на неколку адреси се единствените кои се поврзани со убиството , без разлика колку е основано обвинението за тероризам кое еднаш веќе „падна„ пред Врховниот суд, останува отворено прашање ?

Дали Зоран Заев ќе се поврзува и со овој случај како и оној со протекувањето на пари од Орце Камчев преку Бојан Јовановски и другите осомничени и притворени во случајот „Рекет „ најсериозно ќе одговори самиот Заев кој сега од позиција на Претседател на Владата ќе мора да се појави пред Кривичниот суд , како што најави специјалната обвинителка Фатиме Фетаи !?”, пишува Максимовски.