„Советот на Општина Куманово го прифати мојот предлог и едногласно донесе одлука, за субвенционирање на јавен линиски превоз во наредните шест месеци со тенденција да продолжи и во иднина“, објави вчера на Фејсбук градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.



„Дополнително, ќе се стремиме да се унапреди нивото на услуга во јавниот линиски превоз во Куманово и да стимулираме што е можно повеќе граѓани да користат јавен превоз за сопствените потреби“, напиша Димитриевски.

Ваквата одлука, додава тој, ќе придонесе за намалување на сообраќајниот метеж во центарот на градот и намалување на загадувањето смета градоначалникот.