Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, побара од премиерот Димитар Ковачевски да го разреши министерот за надворешни работи Бујар Османи, поради, според него, провокаторско и навредливо гостување на бугарскиот државен врв во Битола, објави Фактор.
Во оваа прилика сакам да упатам порака и до нашиот премиер Ковачевски најпрвин сериозно да ја преиспита работата на министерот Османи и да ги превземе сите чекори за негово разрешување и веднаш јавно да даде изјава во која ќе ги осуди постапките на бугарскиот државен врв и ќе застане на браникот на македонските национални интереси што е впрочем негова уставна обврска заедно со Претседателот на државата Пендаровски. Поголема провокација и навреда од оваа немало, молкот е повеќе од срам!, напиша Димитриевски.
На бугарскиот премиер Кирил Петков, кумановскиот градонаачлник му порача да тргне по примерот на Вили Брант и да и се извини на македонската нација и да го осуди фашизмот.
– До тогаш ние како “добар сосед” во Македонија оваа наша, овде ќе си го славиме Гоце Делчев и Јане и Даме и Карпош и многу други како столбови и творци на нашата Македонска држава и ќе си ги чествуваме и празнуваме хероите од антифашистичката борба и коалиција како пример за непокор на Македонскиот народ и како доказ дека во историјата сме биле секогаш на вистинската страна, страната на поробените и онеправдените“, објави тој.







