Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека неговиот телефонски разговор во четвртокот со рускиот претседател Владимир Путин, со барање запирање на руската воена офанзива, бил направен во име на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој не можел директно да стапи во контакт со него, објави Wall street Journal



Макрон ги информираше новинарите дека неговиот разговор со Путин бил искрен, директен и краток.

„Исто така, требаше да побарам од него (Путин) да разговара со претседателот Зеленски, кој го побара тоа, бидејќи не можеше да дојде до него“, рече изјави Макрон по учеството на самитот на Европската унија во Брисел.