Францускиот претседател, Емануел Макрон, кој често разговара со Путин и се ангажира да организира средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, вели дека знае кога ќе заврши војната во Украина.
Според Макрон, Путин ќе ги концентрира нападите во Украина на сепаратистичката зона Донбас, на истокот на таа земја, во обид да постигне „победа“ за 9 мај, на годишнината од капитулацијата на нацистичка Германија во 1945 година.
„За Русија 9 мај е национален празник, важен воен датум и речиси е сигурно дека за претседателот Путин 9 мај треба да биде ден на победата“, изјави Макрон за француското радио РТЛ.
„Тие ќе ги концентрираат своите напори на Донбас, ќе видиме многу тешки сцени во следните недели, во таа област во источна Украина“, рече францускиот претседател.






