Фон дер Лајен вети дека ЕУ ќе го даде своето мислење за кандидатурата за членство на Украина следниот месец, но францускиот претседател Емануел Макрон се чини дека ја отфрла можноста земјата да се приклучи на Унијата во блиска иднина.
Макрон, чија земја во моментов претседава со ЕУ, вели дека за приклучување кон блокот ќе бидат потребни „децении“ и наместо тоа предлага Украина и другите кандидати за ЕУ, како Молдавија и Грузија, да се интегрираат во новата „европска политичка заедница“, која засега е само идеја на францускиот претседател.
Многу прашања и претпоставки произлегоа по предлогот на Макрон, меѓу другото дали ова значи создавање „паралелен клуб за разочараните кандидати“, „замена за проширувањето”, „ЕУ со две брзини“ или само „географско одблежување на европскиот простор” – пишува Дојче веле.
Сепак за германскиот канцелар Олаф Шолц тоа е „многу интересен предлог“.






