Макрон со „црни“ предвидувања за Украина: Оваа војна ќе трае…

Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека светот мора да се подготви за долга војна меѓу Русија и Украина.



„Ако можам да ви кажам една работа утрово, тоа е дека оваа војна ќе трае“, рече Макрон вчера

„Оваа криза ќе потрае, оваа војна ќе трае и сите кризи што доаѓаат со неа ќе имаат трајни последици“, додаде Макрон и предупреди: „Мораме да бидеме подготвени“.