Албин Курти добил писмо од францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанската премиерка Џорџа Мелони, во кое бара од него да ги деескалира тензиите на северот на Косово.



Писмото е слично на одговорот на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Јосеп Борел до Курти објавен во средата, но без детални барања, пишуваат приштински медиуми.

Владата во Приштина се уште не испратила известување за добиеното писмо или за неговата содржина.

Вописмото на Борел биле содржани конкретни барања од Курти, меѓу кои да повлече двајца градоначалници на север од нивните општински канцеларии, да ја повлече полицијата од општините и да распише предвремени избори.