Макрон се залага за „потесен“ шенген

Францускиот претседател  се залага за нови преговори за шенгенскиот простор дури и ако резултатот би бил „шенгенски простор со помалку држави членки“.



Емануел Макрон оцени дека „заеднички граници, Шенген како и Даблинскиот договор веќе не функционираат“.

 Бегалската криза што ја погоди Европа во 2015-2016 година, покажа дека голем број баратели на азил не сакаат да останат во земјата на прв влез во ЕУ, најчесто во Грција Италија или Шпанија, туку бараат да стигнат до Германија или Шведска.