Макрон се оградува од изјавата на Бајден дека Путин е „крвник“

Откако вчера американскиот претседател Џо Бајден вчера за Владимир Путин рече дека е „крвник” и дека „тој повеќе не може да биде на власт”, Емануел Макрон предупреди на „вербална ескалација“ која сега не е потребна, пренесува АФП.



„Не би користел такви термини бидејќи се уште сум во преговори со претседателот Путин“, рече Макрон кој изјави дека сака „да ја запре војната што Русија ја започна во Украина без војна“.

„Тоа е целта и ако сакаме да ја постигнеме, не ни треба ескалација со зборови или дела.

Ние Европејците не смееме да подлегнеме на ескалација, и не смееме да заборавиме на нашата географија и историја. Не сме во војна со рускиот народ “, рече тој и додаде дека Европа повеќе не е во контекст на Студената војна меѓу Москва и Вашингтон.

Макрон ќе разговара со Путин во понеделник.