Францускиот претседател презеде дел од одговорноста за ситуацијата во земјата која беше причина за мобилизацијата на „жолтите елеци“ во вечерашново обраќање на нацијата.
Како првична мерка Емануел Макрон најави зголемување на основната месечна плата за 100 евра од идната година, како и даночни олеснувања за оние кои заработуваат помалку од 20.000 годишно.
Во обраќањето, претседателот рече дека знаел дека граѓаните, вклучувајќи ги и пензионерите, биле под притисок.
Францускиот претседател призна дека има лутина во јавноста, но тој изрази мислење дека може да се најдат решенија, притоа истакнувајќи дека не може да покаже слабост пред насилството.
Ниеден гнев не оправдува нападите врз полицијата или странскиот имот“, рече тој.
Макрон прогласи вонредна економска состојба во земјата и најави национален дијалог за труд, образование и животна средина.




