Франција ги повлече своите амбасадори во САД и Австралија на консултации, откако Австралија склопи нов пакт со САД и Британија , со кој заврши спогодбата за набавка на подморници од Франција вредна 40 милијарди долари, јавуваат агенции.
Вачингтон, Лондон и Канбера објавија дека ќе воспостават воено-безбедносно партнерство во Индо-пацифичкиот регион и во таа смисла ќе и помогнат на Австралија да набави американски подморници со нуклеарен погон.
Шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан соопшти дека одлуката за овлекување на амбасадорите ја донел францускиот претседател Емануел Макрон.
Тој го пренесе официјалниот став на Париз дека со таа одлука Австралија „и забоде нож во грб на Франција”.







