Макрон: Русија веќе не е непријател на НАТО

Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека Русија веќе не е непријател на Алијансата. За Макрон денешниот непријател на НАТО е исламскиот тероризам.



“Кој е непријател на НАТО? Русија не е веќе непријател. Таа останува закана но за некои прашања е партнер. Нашиот непријател денеска е меѓународниот тероризам посебно исламскиот тероризам”, напиша Макрон на својот Твитер профил и со тоа директно се конфронтира со американските позиции за Русија како главен светски непријател на западот.

Предходно на самитот на НАТО во Лондон Турција ги блокираше операциите на НАТО на Балтикот кои се насочени против Русија.