Макрон посакува Русија да биде победена, но не и „скршена“

Русија мора да биде поразена во војната со Украина, но не и скршена, изјави францускиот претседател Емануел Макрон во интервју објавено денеска, пренесе Би-Би-Си



„Сакам Русија да биде поразена во Украина и сакам Украина да може да ја одбрани својата позиција, изјави тој за француските медиуми. Убеден сум дека на крајот ова нема да заврши воено, додаде тој.

Макрон предвиде дека ниту една страна не може целосно да надвладее. Но, тој не сака битката да се води на руско тло.
Тој, исто така, рече дека некои луѓе „сакаат пред се да ја уништат Русија. Тоа никогаш не било ставот на Франција“.

Еден ден претходно Макрон изјави дека сега не е време за дијалог со Русија.

На конференцијата за безбедност во Минхен, францускиот претседател Емануел Макрон ги повика сојузниците да ја зголемат воената поддршка за Украина за да и помогнат на земјата да ја спроведе потребната контраофанзива.

Само украинска контраофанзива може да овозможи „кредибилни преговори определени од Украина, нејзините власти и нејзиниот народ“.