Емануел Макрон ќе ја објави својата кандидатура за претседателските избори преку „Писмо до Французите“.
Ова се очекува да се случи утре, кога истекува последниот рок за поднесување кандидатури, според информациите на „Ле Монд“.
Претседателските избори ќе се одржат на 10 април.
Макрон беше избран за шеф на државата на Франција во 2017.
Негов противкандидат во вториот круг од претседателските избори беше Марин Ле Пен од Националниот фронт. Макрон тогаш победи убедливо со над 61 отсто од гласовите.






