Францускиот претседател Емануел Макрон вели дека кризата со храна најверојатно ќе продолжи и по завршувањето на војната во Украина, додавајќи дека нејзините ефекти нема да исчезнат за 12-18 месеци, пренесува Ројтерс.
Макрон ги отфрли тврдењата дека Западот е виновен за кризата, велејќи дека проблемите со храната се едно од оружјата на Русија.
„Војната во Украина ќе трае долго. А дестабилизацијата на пазарот на храна ќе трае уште подолго… Затоа, мора да продолжиме да реагираме на оваа кризна ситуација. На крајот на краиштата, после шест, дванаесет, осумнаесет месеци, последиците од војната нема да исчезат никаде“, истакна претседателот за време на неговата посета на Камерун, каде што разговараше за глобалната безбедност на храната.







