Макрон како збунет Робин Худ (ГАЛЕРИЈА)

Минусите што ги собра меѓу Французите за само една година ,убеди многумина дека со Макрон, Франција не се развива подобро, туку – уште полошо.



Најмалку 40.000 луѓе излегоа вчера во Париз во знак на протест против реформите на претседателот Емануел Макрон.

Во повикот за протест се вели дека Макрон се однесува како „збунет Робин Худ”, во смисла дека зема од сиромашните и го распределува на богатите.

Многу од учесниците на протестотот иронично наречен „Празникот на Макрон“ го изразија своето незадоволство на многу оригинален начин – вклучувајќи маски и костуми со кои му се потсмеваа на претседателот иронично прикажан како Кралот на сонцето, како антички бог Јупитер или како Дракула – очигледно на овој начин Французите го гледаат нивниот претседател пишува „Дојче веле“.

Повик за “празникот” упати француската левичарска партија La France Insoumise (Непокорена Франција) која го обвинува шефот на државата дека неговатареформска политика политика е во корист претежно на богатите.
Утре, 7 мај, се одбележува точно една година откако Макрон го презеде француското претседателство. Во изминатите месеци имаше протести против одделни реформи на претседателот, додека овој пат против неговата политика на реформи протестираа луѓе од различни социјални кругови. Меѓу демонстрантите имаше и студенти и пензионери и претставници на железничарите кои штрајкуваат со недели.