Франција е рамо до рамо со Италија, а Европа не смее да биде себична, истакнува францускиот претседател, Емануел Макрон, во интервју за водечките италијански весници Ла Репблика, Кориере дела Сера и Ла Стампа.



„Франција е тука да и помогне на Италија. Ме загрижува болеста на секој човек и ако не покажеме солидарност, Италија, Шпанија или некој друг би можеле да им речат на европските партнери: Каде бевте кога бевме на фронтот? Не сакам себична и поделена Европа “, вели францускиот претседател.

Италија, една од државите кои се најтешко погодени од вирусот, беше критична кон Франција и Германија, откако првично одбиваа да обезбедат маски за лице и друга опрема за да помогнат во справувањето со епидемијата.

Рим затоа апелираше за помош од Кина, која испрати авон полн со маски и респиратори кои носат налепници „Форца Италија“ со мали кинески и италијански знамиња, што остави силен впечаток кај Италијанците.

„Многу се зборува за кинеска или руска помош, но зошто да не се каже дека Франција и Германија доставиле два милиони маски и десетици илјади заштитни костуми во Италија“, рече Макрон.

„Тоа не е доволно, но ова е само почеток …вели Макрон и додава дека „Европа мора да се чувствува горда и силна затоа што е таква“.