Макрон: ЕУ ги затвора границите. Ние сме во војна!


Европската Унија ќе ги затвори своите надворешни граници на 30 дена, во борбата против пандемијата на коронавирусот, потврди синоќа францускиот претседател Емануел Макрон.



Макрон во телевизиско обраќање кажа дека границите ќе бидат затворени од денес на пладне, пренесува Франс прес.

„Сите патувања меѓу неевропските земји и Европската Унија ќе бидат прекинати на 30 дена“, кажа претседателот на Франција.

Макрон објави воведување остри ограничувања на слободата на движење, а од денес попладне луѓето ќе смеат да ги напуштат домовите само за неопходни активности, како купување храна или заминување на работа, и додаде дека мерката ќе биде на сила најмалку 15 дена.

„Ние сме во војна“, повтори повеќе пати во обраќањето.

Кажа дека се одложува вториот круг локални избори кој беше предвиден за 22 март, но не наведе за кога, а се суспендира и контроверзната реформа на пензискиот систем, што е неопходно за фокусот на борбата со вирусот.

Во Франција досега се потврдени над 6.600 случаи на зараза со коронавирусот, а умреа 148 луѓе. (МКД.МК)