Макрон денеска ќе се слушне со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе ги преземе сите ризици за одржување на стабилноста и мирот во Европа. Доколку е потребна нова странска посета за да се постигне оваа цел, тој ќе го стори тоа, соопшти кабинетот на Макрон, објавија од кабинетот.



Во саботата Макрон разговараше со украинскиот претседател Владимир Зеленски, а во недела треба да има телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

Разговараа на дистанца зашто Макрон одбил руски ПЦР тест

Концентрацијатана руски војници во близина на украинската граница ги зголемија сомнежите на Западот дека Москва планира напад врз Украина.

Москва негира дека има таков план, но на Запад сметаат дека таа ја користи ситуацијата и бара безбедносни гаранции, кои вклучуваат ставање крај на можното проширување на НАТО на исток и наметнување формално вето на можноста на Украина да се приклучи на Алијансата.

Според Русија, НАТО бара изговор да распореди повеќе војници и опрема во близина на руската граница.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров тврди дека Западот ја прави оваа хистерија за да ја прикрие украинската саботажа на договорите од Минск, кои ја поставуваат основата за политичко решение на вооружениот конфликт во Донбас.