Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека Европа нема да може да се брани „без вистинска европска армија“.



„Треба да имаме Европа која ќе може да се брани, а не само да се потпира на САД“, изјави франсускиот претседател во интервју за „Европа 1 радио“.

Според него, „силна и суверена Европа е потребна за да ги брани европските интереси од Кина, Русија, па дури и од САД“, објави „Блумберг“.

„Кога го гледам претседателот Трамп како најавува дека ќе го напуштидоговор за разоружување кпотпишан по ракетен криза од 1980… кој ќе биде главната жртва – Европа и нејзината безбедност“, рече тој.

Тој го најави и обединување на проевропските движења на изборите за Европскиот парламент следната година, предупредувајќи за зголемување на национализмот во Европа.