„Европската унија мора да продолжи да се мобилизира на страната на стотици илјади Белоруси кои мирно протестираат за заштита на своите права, слободи и суверенитет“, побара на Твитер претседателот на Фрнација Емануел Макрон.
Тој ја испрати пораката додека десетици илјади луѓе протестираа синоќа во Минск, барајќи оставка на претседателот Лукашенко.
Европската унија во петокот даде зелено светло за санкции против белоруските службеници поврзани со полициската репресија над демонстрантите и со измами на изборите.




