Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули вели дека континуирано се работи на мерки и активности за намалување на аерозагадувањето.
„ Допрва ќе ги видиме ефектите кога ќе почнат мерењата од октомври и од наредната грејна сезона“, вели Макрадули во неделното интервју на Радио Слободна Европа
„ Заради изборите чекаме да помине 5 мај и да се распише повикот за инверторите кои ќе ги инсталираме во повеќе јавни институции, пред сè градинки, основни училишта и здравствени домови. Филтрите кои треба да се набават заедно со одредени стопански капацитети кои загадуваат, помали комбинати, но од друга страна заедно со дел од универзитетите во Скопје и во Штип правиме еден научен пристап на мрежата за мониторинг, да ја надополниме на онаа овде во министерството и со научни факти да се бориме со загадувањето“, вели заменикот министер во интервјуто за Радио слободна Европа.





