Христијан Пендиков, македонски граѓанин со бугарска самосвест и секретар на сега згаснатиот бугарскиот клуб „Цар Борис“кој на 19 јануари беше натепан и итно со бугарски авион пренесен на лекување во Сиофија, не дојде ниту на денешното рочиште на кое му се суди на Илија Спасевски.
Судијата и пред јавноста посочи дека пропаднал обидот за да му се достави покана за рочиште на Пендиков, пренесдува Макфакс.
Бранител на Пендиков, адвокатот Стефан Карамишевски, кажа дека оштетениот има здравствени проблемни.
„Денеска нема да присуствува бидејќи треба да се направат дополнителни проверки на некакви здравствени проблеми кои ги има“, рече адвокат Стефан Карамишевски, бранител на Пендиков.
Прашан од судијата Бојан Мартиноски: „Дали поради тие проблеми е спречен да доаѓа на судење“, адвокатот одговори потврдно и рече: „Ќе ви доставам дополнително…“
Непознато е дали Пендиков, кој има својство на оштетен, но и сведок, ќе дојде во охридскиот суд за да сведочи. По нападот, тој беше префрлен во Бугарија, каде што има обезбедување, а доби и стипендија и стан.







