Македонските власти протерале руски офицер дипломат во Скопје

Мајорот А. Шевченко е рускиот офицер кој што е протеран од Македонија по наредба на макеоснаката влада поради вршење на активности во спротивност со
Виенската конвенција.



Министерството за надворешни работи за „360 степени“ индиректно ја потврди информацијата дека за персона нон грата е прогласен руски дипломат од Амбасадата на Руската федерација во земјава, што ја објави порталот Алмакос.

На прашањето на порталот- Дали минатата недела е протеран заменик военото аташе во Руската амбасада, од МНР одговориле:

-Министерството за надворешни работи, во рамките на своите надлежности, ги презема сите соодветни мерки и активности согласно виенската конвенција за дипломатски односи со цел да ја заштити националната безбедност на Република ѕ. Македонија, како и соодветно да ја заштити улогата и одговорноста на земјава како членка на НАТО алијансата.

Неодамна Македонија протера уште еден руски дипломат кој беше протеран поради недозволен влез во македонското МНР.