Македонска мизерија: Татко градоначалник организира наградна игра, ќерката добитник (ВИДЕО)

Ќерката на градоначалникот на општина Лозово Аце Велковски од СДСМ е среќната добитничка на шпорет кој е главна премија на наградната игра која ја организира општината.



Оваа наводно неважна вест ги покажува целиот сјај и беда на македонската демократија во моментот.

Таткото политичар организира наградна игра а наградата ја добива неговата ќерка.

Срамот е уште поголем кога ќерката во обид нејзиниот татко да добие политички поени во година на локални избори наводно го донира шпоретот на некое друго семејство по што тој останува во домот на културата во Лозово.

Искрената ќерка дури и не може да скрие дека се работи за фамилијарно добиен подарок.

Градоначалникот на Лозово е познат по неколку други скандали меѓу кои и ветувањето за вработување како чистачка на Атиџе од филмот што се бореше за Оскар. Најава што никогаш не се оствари а Атиџе едвај преживува.