Македонското државно знаме се вее меѓу тие на Нигерија (на фотографијата) и на Норвешка пред седиштето на Организација на обединети нации во Њујорк.
Откако Владата на Зоран Заев ја извести Светската организација дека го променила државното име во Северна Македонија, во регистарот на членки на ОН таа е сместена во групата земји чиешто официјално име почнува на „Н“, според англиската верзија на името.
Од приемот на 8 април 1993 година до известувањето на Обединети нации за преименувањето според Преспански договор со Грција минатата седмица ОН ѝ се обраќаше на Македонија со референцата „бивша југословенска Република Македонија“.





