Македонското Собрание стана Палата Вардарска Бановина (ФОТО)

Стручните служби на Собранието се уште не реагираат на променетата адреса на законодавниот дом на мапата на пребарувачот Гугл.



Според оваа мапа Собранието е на адреса “Палата Вардарске Бановине” како што се водела пред втората светска војна кога зградата на Собранието меѓу другото била и затвор.

Иако голем број граѓани на социјалните мрежи предупредија, ниту Собранието ниту Владата не реагираат на политичката шега што најверојатно ја направил некој наш сосед од југ или север.

Во еден период на кралството СХС Македонија се викала формално Вардарска Бановина а ова име често пати можеше да се сретне и меѓу предлозите за името што се даваа во грчката јавност.