Македонско знаме на највисокиот врв на Антартикот

Македонската алпинистка Илина Арсова ја заврши Мисијата „7 врвови“, откако го разви македонското знаме на највисокиот врв Винсон, 4.892 метри на Антартикот.



„Со ладни раце, но со топло срце. Со ова искачување станав прва жена од нашата земја и една од 60 во светот кои ги искачиле највисоките врвови на сите континенти (по Меснерова листа), како врвен успех во планинарските спортови. Незаборавно искуство и прекрасно чувство!- објави Арсова на Фејсбук.

На 28.12.2019 Илина Арсова успешно го искачи последниот врв од 7-те највисоки на сите континен