Македонско ,,кривосудство”: Судија ,,слуша” обвинител против кого се води истрага за ист предмет, обвинителството не го иззема

Иако против обвинителот Бурим Рустеми се води истрага за настани кои е можно да се поврзани со случаите Рекет и ТНТ обвинителство не го иззема контроверзниот обвинител кој се уште е обвинитил во еден од предметите за кој најверојатно се гони и за кој може да заврши во притвор.



Истрагата против Рустеми според извори во обвинителството е поврзана со случаите Рекет 2 и со ТНТ а во врска со пораките во кои бизнисменот и близок роднина на Фијат Цаноски, Ардијан Амзоски ден пред повлекување на обвинението против дивоградба на објектот Космос му се заблагодарува на Боки 13.

Веднаш потоа според извештаите Амзоски на Боки 13 му исплатил 750.000 евра (Дел од случајот Рекет 2).

Обвинителството веќе повикало еден инволвиран адвокат од споменатите случаи на распит како сведок по што одбраната во ТНТ бара изземање на Бурим Рустеми и негово отстранување од случајот се до завршување на истрага против него.

Според последните информации за кои денеска објавува и А1ОН обвинителството не го иззема Рустеми и тој како истражувано лице од обвинители е обвинител во предмет за кој самиот може да биде обвинет и осуден.

Зошто обвинителство досега само без барање на одбраната не го изземало Рустеми е нејасно но навестува дека и во овој случај постојат политичко-судски-обвинителски спреги кои имаат своја агенда.

Предходно судијата во случајот ТНТ Огнен Ставрев на почетокот на новото судење ја оствари најавата на Рустеми и ги одби сите докази на одбраната меѓу кои има и нови а ги прифатил сите докази на Рустеми за кого има отворена истрага и може да заврши во притвор.

“Се остварува планот на Рустеми: Одбиени сите докази на обвинетите во „ТНТ“
Она што се навестуваше се оствари.Судијата Огнен Ставрев не прифати ниту еден доказ на одбраната ниту пак дозволи сведоци. Ова е непознато во судската пракса обвинетите да се остават без докази и судот да ги прифаќа само оние на Обвинителството.

Откако ги прочита доказите на одбраната ,Ставрев одлучите сите да ги одбие. Дури и се закани дека „неговото влијание може да ги одложи другите судења“.

Со ваквиот епилог, се остварува планот на обвинителот Бурим Рустеми кој на претходните рочишта најави дека ќе бара обвинетите да немаат докази, иако тие имаат право на докази со оглед на тоа што „ТНТ“ почна од почеток.

Она што во судските кругови се коментира дека пресудите за овој случај се веќе напишани и дека намерата е пресуда да има до 15 декември за Обвинителството и Судот во извештајот на ЕУ да прикажат уште еден „успех“, напиша Република за случајот.

Обвинителот Бурим Рустеми досега не објавил демант на информациите дека нудел вистински пазар за дел од обвинетите доколку признаат вина.

“Ова го тврди адвокатот Мерџан Даути кој вели дека отишол кај Даути со цел да издејствува да им се дозволи да ги презентираат доказите од почеток и во тој момент Рустеми излегол со неочекуван предлог.

Понуди условна казна за еден од обвинетите доколку ја признае вината. Доколку тој обвинет ја признае вината останатите обвинети би добиле високи ефективни казни од најмалку пет години. Јас на тоа одговорив дека мојот клиент не е виновен за ништо и како може да гарантира условна казна кога согласно позитивните законски прописи судот а не обвинителството носат одлуки по прифатен обвинителен акт обвинителот ми кажа дека тоа тој ќе си среди со судот -објаснува Даути, пренесе Радио Лидер.