Македонско девојче, шапки убави, идеи корисни, бизниси зелени

Бизнис идејата на младата Мирјана Јосифоска од Тетово е една од победничките во категоријата „зелени бизниси“ на Регионалниот натпревар „Зелени идеи од Балканот“ кој се одржа во Црна Гора.



Јосифоска за својата линија на Дизајнерски шапки од отпаден текстил во рамки на Регионална награда за тетовски зелен бизнис доби поддршка од 10.000 долари, јавува порталот ,,Лице в лице”.

,,Поголемиот дел од текстилниот отпад доаѓа во помали количини, а за да произведете една шапка потребно е само 30 сантиметри материјал, додека за стегач потребно е 5 сантиметри. Нашите модели се одржливо и етички произведени во Тетово, и се рачно изработени во 3 големини-достапни за секоја глава. Од остатоците од производството на шапките, произведуваме стегачи за коса, скроени со „нула-отпад“ техника на кроење, со што на крајот не останува воопшто отпад. Благодарна сум на регионалната награда и се радувам што имам поддршка да работам на својот сон и да развивам ваков бизнис”, вели Мирјана Јосифоска.

Целата сторија на овој ЛИНК