Македонските жени живеат пет години подолго од мажите

Жените во Македонија имаат подолг животен век од мажите за пет години – припадничките на понежниот пол во земјава живеат во просек 78 години, а на посилниот 73.



Според истражувањето објавено во американскиот весник „Њујорк тајмс“, а базирано на податоците од Информациски лист за светското население за 2018 година и од Биро за проблемите на населението од 2018 година, македонските жени живеат исто колку и тие во Бугарија, и во Србија, една година помалку од Романките, три од Турчинките, шест од Гркинките итн.

Мажите во Македонија, пак, живеат исто колку и тие во Србија, подобро стојат во овој поглед од тие во Бугарија (71) и во Романија (72), а полошо од тие во Турција (77) и во Грција (78).