Ако мислите дека струмичани јадат поевтин зеленчук од останатите градови во земјава, се лажете. Затоа доволно е да го посетите пазарот на големо во овој град. Празен е. Причината е што нема производители во толкав број како порано, а тие што останале, продаваат на откупни центри. Во вакви услови, зеленчукот што тука се произведува е со подеднакво високи цени како и во другите места во државата, објави Телма. Но, и трговците не минуваат подобро.

Оние што останале на пазарот на големо се жалат дека нема домашно производство, а увозното е прескапо. Голем број од трговските објекти тука почнуваат и да затвораат. Од земјоделските здруженија велат дека сликата е поразителна и по нивите. Цели працели се запустени. Нема производители, па нема ниту обработени ниви.





