Македонските војници во Косово ќе го обезбедуваат манастирот Високи Дечани

Задачата на македонските војници во составот на Кфор во Косово вклучува патролирање и обезбедување на манастирот Високи Дечани од 14. век, како и на кампот „Вилаџо Италија“, односно седиштето на Регионалната команда Запад, во Пеќ.



Останатиот дел од војниците на Армијата на Република Македонија ќе работат како штабни офицери во Главниот штаб на Кфор во Приштина, соопштено е од таа воена мисија по церемонијата на кревање на македонското државно знаме во Штабот на Регионалната команда Запад.

Воениот контингент од Македонија е составен од 44 припадници од касарната „Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово, а го предводи капетанот Христијан Димчевски.