Владата го прифати новиот Закон за вино, кој во целост е усогласен со одредбите на европското законодавство.
Овој нов предлог закон за вино е на страна на лозарите и решава уште еден нивен проблем, а тоа е откупната цена. Со новиот закон за вино, за првпат, ќе се утврдува производната цена на винско грозје по килограм, најдоцна до 15 јули во тековната година и тоа за најмалку две најзастапени сорти. Пресметката на трошоците за производство на килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет, согласно дадена методологија, предвидено е да ја врши високо образовна или научна институција од областа во земјоделството.
Со новиот закон за вино се предвидува заштита на национално и меѓународно ниво со заштитена ознака за потекло или заштитена географска ознака. Традиционалниот назив на виното на национално и меѓународно ниво се заштитува со традиционална ознака.






