Македонските студенти директно побарале Европа да ги почитува основните меѓународни стандарди во случајот со Македонија.
„Ние студентите го кренавме нашиот глас против диксриминацијата и неправдите од ЕУ, НАТО, ОН и другите меѓународни организации. Директно побаравме Европскиот парламент да го почитува нашето основно човеково право – правото на самоопределување и да престанат да нè принудуваат да ги смениме нашето име и идентитет“, стои под видеото објавено на Фејсбук-страницата „Млади за Македонија”.
Видеото е снимено од а1он.мк и макфакс.мк за време на протест за одбрана на името во Штип.





