Македонските пливачи со одлични резултати на меѓународен натпревар во Белград

Викендов се одржа меѓународен пливачки натпревар “11 Април Гранд При” – Белград, на кој учествуваа 950 натпреварувачи, од 41 клуб од Србија, Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Кипар. Од нашата држава настапија 5 пливачки клуба.



Пливачите на клубот Академија Aqua Pro – Skopje освоија 4 медали и тоа;
Ева Петровска во дисциплините 400м слободно и 800м слободно освои златен медал, а во дисциплината 200м делфин освои сребрен медал.
Мартин Стефановски во Мастер категорија освои златен медал во дисциплината 50м слободно, со што ја исполни нормата за Европското првенство, што ќе се одржи во Рим-Италија оваа година.

Вредно е да се напомене дека и пливачите Ева Барамачева и Павле Стојчевски во своите дисциплини пливаа во финале и ги испливаа своите лични рекорди.