Македонските печалбари во Италија сакаат да си дојдат дома


Македонскиот конзулат во Италија известил дека е зголемен интересот за враќање на македонските државјани во земјава.



Се прават напори тоа да се одвива на организиран начин, со цел да се има подобар увид во ситуацијата, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче, пренесе „Плусинфо“.

Во Италија се затворени сите училишта и универзитети до 15. март поради ширењето на коронавирусот во таа земја, каде досега има 3.089 заразени од новиот вирус, а 107 починале.