Македонските организации во Бугарија упатија покана за традиционалниот семакедонски собор в недела на 17 април во Мелник, Пиринска Македонија, во чест на еден од великаните на македонската револуционерна борба Јане Сандански.



Семакедонскиот собор пет дена пред 107-годишнината од убиството на „Пиринскиот цар“, војвода и водач на Македонската револуционерна организација ќе почне со посета на неговиот гроб во 10:30 часот и ќе продолжи во 11 ч. во центарот на градот Мелник.