Сега се поднесуваат завршните сметки на компаниите па во очекување сме на новите статистики за профитите на маркетите, за кои економистите постојано велат дека се „воени профитери“. Проценките се дека се очекува слично сценарио како за време на ковид пандемијата кога драстично се зголемија нивните профити. Цените на производите од почетокот на Руската инвазија врз Украина неконтролирано пораснаа, па по интервенцијата на власта се замрзна цената на лебот, а во игра е и замрзнување на цените и на други продукти.

Производителите многу често “топката” за високите цени на одредени производи ја префрлаат токму на маркетите бидејќи иако профитните маржи на основните прехранбени производи се замрзнати до април, со мерка која е на сила од јуни, досега не ги даде посакуваните резултати. Причина за ова е тоа што маркетите постојано калкулираа, па цените воопшто и не се намалија. Ограничена маржа до 5 проценти имаше за лебот, шеќерот, маслото за јадење, а за брашното, тестенините, оризот, за јајцата пак млекото и млечните производи маржата е огрничена до 10 проценти.
Исто така од 1 декември минатата година домашните производители на основните прехранбени продукти користеа субвенционирана електрична енергија, но ниту оваа мерка драстично не ги спушти цените на храната.
Целта беше со субвенционирана електрична енергија кај домашните производители и регулирана трговска маржа, на пазарот да имаме корегирани цени, рече тогаш министерот за економија Крешник Бектеши.
Цените на храната паѓаат, освен во македонските маркети
Веќе 11 месеци цените на храната се намалуваат според индексот на ФАО Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации, се намалуваат. Тоа се случува откако храната драстично поскапе во март 2022 година по почетокот на руската инвазија врз Украина, но тоа не се одразува на цените во македонското производство на храна, кое и покрај тоа што е интегрирано во меѓународниот пазар, цените на храната ги одржува високи. Од друга страна, бизнисмените постојано предупредуваат на долгорочни штети врз бизнисот од ваквите мерки
По одлуката да ја замрзне цената на лебот на 33 денари, Владата подготвува замрзнување на цените и на други основни прехранбени производи. Mинистерот за економија Крешник Бектеши рече дека во моментов се анализираат цените на тестенините и на млечните производи, а одлуката ќе биде објавена оваа недела.
Мелничко-пекарската индустрија се закани дека ќе поднесе тужба поради тоа што смета оти е незаконска владината одлука за замрзнување на цената лебот на 33 денари и обврската за пекарите да произведуваат и испорачуваат леб.
Со спротивен став е министерот за економија Бектеши, кој смета дека оние стопанственици кои најавуваат бојкот тоа го прават од личен интерес и дека станува збор за компании со голем удел на пазарот и зголемени профити, на кои Владата веќе им излегла во пресрет со тоа што им дала субвенционирана струја, а тие не го исполниле своето ветување да ги намалат цените. Бектеши посочи дека одлуките што ги носи Владата се според Законот за трговија.
Во јануари оваа година храната беше за 25 проценти повисока од истиот месец минатата година, според податоците на Државниот завод за статистика. Лебот и житата беа за 40 проценти поскапи, месото за скоро 30 проценти, а млечните производи и јајцата за 30 отсто.
Колку заработија најголемите ланци на маркети?
Ограничувањето на маржите започна уште во март минатат година кога министерот за економија јавно посочи дека одредени национални ланци на маркети во периодот 2020/21 година, во време на пандемија, оствариле огромни профити и тоа во ериод кога големите маркети биле поддржани од владата со субвенции.
Според завршните сметки што ги покажа, нето профитот на националните ланци се движи од 2 до повеќе од 8 милиони евра.





